Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат, информираат попладнево од Јавното обвинителство.
Од ОЈО соопштуваат дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот.
„Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, посочуваат од Јавното обвинителство.






