недела, 14 декември 2025

24 години од Охридскиот рамковен договор – денеска свечена владина седница

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата, како што најави владината прес – служба, ќе се обрати претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Со Охридскиот рамковен договор беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Договорот беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ