Меѓу активните пожари се оние во општините Чучер Сандево и Липково кај селата Малино, Танушевци и Лукаре каде што гори мешана шума, потоа во општина Долнени кај селото Долгаец на месноста Тутуница каде е зафатена ниска вегетација, во општина Гевгелија кај селото Давидово каде е зафатена нива, во општина Делчево каде што гори депонијата Острец, како и во општина Куманово во атарот на селото Лубодраг каде што е зафатена ниска вегетација и стрниште.
Под контрола се пожарите во општина Прилеп кај селото Дабница и месноста Три багреми каде што горела ниска вегетација и ѓубре, во општина Гевгелија на планината Кожуф каде што се работи за приземен пожар и во општина Студеничани во реонот меѓу селата Малчиште и Осинчани каде што била зафатена ниска вегетација и шума.
ЦУК информира и дека целосно се изгаснати 14 пожари. Меѓу нив се пожарите на депонијата Визбегово во општина Бутел, на булеварот Босна и Херцеговина во истата општина, кај Скопскиот аквадукт во општина Чаир, над селото Бенче на планината Добра Вода во Македонски Брод, како и пожарот кај селото Љуботен во општина Штип каде што освен ниската вегетација биле зафатени една куќа и три штали.
Изгаснати се и пожарите кај селото Суводол во општина Демир Хисар, во село Арачиново каде што горела депонија, во реонот меѓу селата Ржаничино и Таор во општина Петровец, во населбата Ушици во Битола, кај селото Подвис во општина Кривогаштани, како и во Кичево каде што биле зафатени депонија, стрниште кај селото Поповјани и стрниште кај селото Зајас. Пожар е изгаснат и во Тетово, зад трговскиот центар Центрум каде што горела нива.






