сабота, 12 јули 2025

216.000 македонски граѓани имаат бугарски пасоши, вели бугарски министер

Од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, на вкупно 216.594 лица со државјанство на Република Северна Македонија им е издаден бугарски пасош, ја пренесува бугарската агенција БГНЕС изјавата на Даниел Митов, министерот за внатрешни работи на Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Во наведениот период се издадени 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои постои информација дека имаат и државјанство на Република Северна Македонија. Добивањето бугарски пасош е основно право на секој бугарски државјанин, загарантирано со закон, и тоа може да биде ограничено само во случаи предвидени со законот“, изјави Митов.

Правната рамка која го регулира издавањето пасоши на бугарски државјани е содржана во неколку членови од Законот за бугарски лични документи (ЗБЛД), конкретно: точка 4, став 1; член 13, став 1, точка 2; член 33, став 1 и член 35, став 1.

Издавањето бугарски пасоши на македонски државјани со бугарско државјанство е пракса која со години предизвикува интерес и контроверзии во јавноста, особено поради политичките и историските односи меѓу двете земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ