сабота, 17 мај 2025

21 пријава за судија во Европскиот суд за човекови права

На конкурсот на македонското Министерство за надворешни работи за нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур се пријавиле 21 лице. Пријави има од судии, обвинители, адвокати… Досега е познато дека пријави поднеле обвинителката Ленче Ристовска и судијката Оља Ристова.

Објавено на

часот

Сподели

Апликациите ќе ги разгледува Меѓуресорската комисија формирана со владина одлука која треба да изврши селекција на тројца кандидати, а конечната одлука ќе ја донесе Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа.  Селекцијата и проверка на тоа кој од кандидатите ги исполнува условите ќе почне од понеделник.

Македонски судија во Судот за човекови права од 2017 година е Јован Илиевски. Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе почне на почетокот на 2026 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ