„Оваа празнична акција е посветена на децата со ретки болести, малите херои кои нè учат на сила, надеж и љубов секој ден. Нека празничниот дух стигне до секое срце и донесе здравје, топлина и поддршка таму каде што е најпотребна. Среќна Нова 2026 година и среќни и благословени празници од длабочините на Охридското Езеро“, порачаа од Амфора.








