понеделник, 15 декември 2025

18 изгаснати пожари, активни се пет

До 21 часот на територија на Maкедонија регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде е зафатена мешана шума и сува трева, меѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума) и кај село Латово, место викано Маркова Стапалка, во Прилеп – село Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума).

Под контрола се пожарите во општина Ресен, кај селата Шурленци и Езерани (трска и ниска вегетација), во општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), во село Николиќ во општина Дојран, во Oпштина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, Oпштина Гостивар – село Симница и во Oпштина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид.

Изгаснати се пожарите во општините Студеничани, Шуто Оризари, Прилеп, Долнени, Струмица, Гевгелија, Кичево, Велес, Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричане, Брвеница и Гостивар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ