Пожарот кај месноста Германски гробишта“, на ридот над населбата Баир во Битола е делумно локализиран по вчерашната воздушната подршка од пет ер трактори и еден канадер.
Во Прилеп веќе четврти ден активен е пожарот кај селото Црнилиште, со крак во атарот на село Слепче и село Гостиражни.
Активни се и пожарите во Струмица, село Кованец, во Ново Село село Бадилен, Штип, во Радовиш, Конче, Василево, Велес три пожари, Чашка… Активни се и пожарите на територијата на Општина Неготино, кај АБХ полигонот во правец на Штипско рамниште на планината Серта и во атарот на село Калањево. И на двата активни пожари гори висока шума (мешавина од даб, смрека и бор) како и сува трева, грмушки и нискостеблеста шума.
Сите расположиви летала и од меѓународната помош се на терен, заедно со пожарникаритем војниците, полицајците, мештаните…






