вторник, 16 декември 2025

15 ученици се затруени од пилешки сендвичи во штипска сендвичара

Десет средношколци се во дневна болница, а петмина се хоспитализирани на Одделението за инфективни болести во штипската клиничка болница откако завчера добиле симптоми на труење по јадење сендвичи во сендвичарница-киоск во близина на штипско средно училиште.

Објавено на

часот

Сподели

Сите пациенти се од истото училиште и се во стабилна состојба.

Резултатите од испитувањата на примероците земени од храната и работните површини во сендвичарата се очекуваат утре. Земени се и брисеви од вработените, а направен е и вонреден санитарен предглед, велат од Институтот за јавно здравје.

Сендвичарата од вчера е затворена од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) и од Агенцијата за храна и ветеринство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ