Судот го прогласи Спасов за виновен за убиство со умисла. Тој ќе остане во притвор до правосилноста на пресудата, а потоа ќе оди на издржување на казната. Семејството на младиот Мартин Нешковски не беше задоволно од изречената пресуда.
Според обвинението, Спасов го убил Нешковски ноќта меѓу 5 и 6 јуни додека на плоштадот траеше прославата за изборната победа. Тој за време на целиот судски процес негираше дека го убил младиот Нешковски.
Во судот изјави дадоа десетици сведоци. Беа слушнати најразлични верзии и контрадикторни сведоштва за смртта на Мартин Нешковски.
Семејството Нешкоски поднесе и кривични пријави против уште двајца полицајци што наводно биле присутни ноќта на убиството, но обвинителството ги отфрли со образложение дека немало доволно докази.
Денес напладне е закажан протестен марш од плоштадот до обвинителството, со кој ќе се бара проширување на истрагата.