недела, 14 декември 2025

13 пожари регистрирани низ земјата, четири сè уште активни

До 18 часот на 20 август 2025 година на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати.

Објавено на

часот

Сподели

Активни пожари има во општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што гори мешана шума, во општина Маврово и Ростуше, во атарот на селото Церово, каде што зафатена е нискостеблеста дабова шума и сеча, во општина Гостивар, во близина на Неготинска петља кон атарот на селото Чегране, каде што гори ниска вегетација, и во општина Крушево, во селото Светомитрани, каде што пожарот зафатил ниска вегетација и грмушки.

Под контрола се пожарите во општина Прилеп, кај селото Беловодица на местото викано Ливада, каде што бил зафатен буков појас.

Изгаснати се пожарите во општина Гази Баба, на улица „Перо Наков“ (ѓубриште), два пожара во општина Петровец, во селото Средно Коњаре (ѓубриште и ниска вегетација), во општина Струга, кај селото Драслајца (ѓубриште), во општина Тетово, во селото Сараќино (ниска вегетација), во општина Желино, во селото Стрмница (ниска вегетација), во општина Чишиново-Облешево, во селото Облешево (ниска вегетација) и во општина Неготино, во близина на селото Криволак, пред касарната, каде што била зафатена ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ