недела, 21 декември 2025

13 ноември – 80 години од ослободувањето на Скопје

По повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје, денеска, во 11 часот, на партизанските гробишта во Бутел, делегации од Град Скопје и од Собранието, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот.

Објавено на

часот

Сподели

Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот, пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.

Свечена академија и доделување на 13-то ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија.

Денеска и ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ традиционално ќе ја одржи манифестацијата „Го градам мојот град“.

Како што соопштуваат од центарот, оваа година, манифестацијата ќе се одржи од 10 до 11 часот во просториите на центарот.

Манифестацијата има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност, како и да ги запознае децата со значењето на 13 Ноември.

Децата од предучилишните установи од Скопје ќе учествуваат со изработка на макети од различни природни и други материјали, претставувајќи значајни обележја на Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ