Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју.
На листата на кандидати кои ќе бидат поканети на интервју се: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.
Од 20-те пријавени кандидати, од листата отпаднаа Велимир Деловски, Соња Петрушева, Александар Гоџо, Валентин Пепељугоски, Ѓоко Живковски, Андреј Димовски, Лидија Неделкова, Едита Наскова и Александар Лазов.
„Комисијата изразува задоволство од искажаниот интерес и од бројот на апликации и во однос на квалитетот на апликантите. Кандидатите кои се избрани ќе бидат интервјуирани во Уставниот суд на 20 октомври 2025 година. За точниот термин за интервју ќе бидат известени преку Министерството за надворешни работи“, велат од комисијата.






