среда, 8 април 2026

1.000 денари подарок и бесплатен Нетфликс со Јуник пакет за млади

Денес, да се има своја банка е како да се поседува омилениот мобилен телефон. Не е прашање на потреба, туку само на избор. Ако телефонот е нашиот прв комуникациски пријател, тогаш банката е нашиот прв финансиски пријател. Таа не е само место каде потребите се изразуваат во броеви, туку и место каде тие броеви добиваат финансиска димензија и можат да направат нашите соништа да станат реалност.

Објавено на

часот

Сподели

Затоа е важно да се одбере банка која ги разбира младите и која креира производи како што е Јуник (UniQ) пакетот, создаден според нивните потреби. УНИ банка подготви нова промоција за младите, со која за секој новоотворен UniQ пакет добиваат подарок 1.000 денари. Со UniQ пакетот младите добиваат бесплатна Mастеркард картичка за млади, 0 денари месечен надомест за одржување на сметка, бесплатно мобилно и електронско банкарство, можност за дозволено пречекорување до 15.000 денари без скриени трошоци, како и бесплатна тримесечна претплата на Нетфликс. Дополнително и попусти и специјални промоции кај избрани трговци, што го прави пакетот навистина уникатен и поволен.

Со цел подобра комуникација со младите УНИ банка има Tик ток и Споитифај канал и е активно присутна на местата каде што се и младите. Па така во месец март, Банката учествуваше на кариерните денови на Економски факултет во Скопје, каде покрај можностите за вработување, го презентираше и UniQ пакетот, како и заложбите за поддршка на интересите на младите. Дополнително, UniQ пакетот беше претставен и на Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank, каде беше најавена и актуелната промоција, подарок од 1.000 денари за секој новоотворен пакет за млади. Во рамки на настанот беше организиран и UNIBank Fin Talk, кој се реализираше во соработка со Луна Стефанова и модниот дизајнер Ѓорѓи Петрушев, основач на македонскиот бренд Georgiya, на кој се разговараше за потребите на младите, а се истакна и важноста на финансиската слобода.

Финансиската слобода не започнува со повеќе пари, туку со контрола над тие што ги имаш. Со фокус на важноста на финансиската писменост и дигитализација, УНИБанка им помага на младите полесно да управуваат со своите финансии и да носат паметни одлуки. Како банка од доверба, УНИ банка е тука да ги поддржи во секој чекор.

Така ќе биде и во иднина! Веќе во месец април Банката ќе организира работилница за млади во соработка со Економски факултет Скопје, а истовремено ќе учествува и на кариерните денови на Универзитет Гоце Делчев Штип и Државниот универзитет во Тетово.

УНИ банка верува дека финансиската едукација на младите е единствениот пат кон квалитетен и исполнет живот. Младите ќе бидат во фокус и во иднина, и ќе добиваат поддршка во процесот на созревање, растење и нивно обликување во одговорни, мотивирани и независни возрасни личности.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ