Денеска во Македонија на никој не му беше до спорт, сите беа во шок и тагуваа по жртвите кои ги зема пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ), побара од ЕХФ натпреварот да биде одложен, но Европската куќа на фудбалот немаше слух за тоа што се случува во нашата земја, па го одби барањето.
Македонските ракометари немаа друга опција освен да го одиграат натпреварот, а тој започна со минута молк за жртвите од Кочани.
Во текот на првото полувреме се случи и голем пех, еден од нашите најдобри ракометари, Марко Митев се здоби со тешка повреда по која беше изнесен од теренот на носилки.
Словенците на одмор заминаа со водство од 20-12, а конечниот резултат беше 38-27.
Во составот на Македонија најефикасен беше Кузмановски кој постигна шест голови.