Индексот се заснова на дванаесет индикатори: безбедносен апарат, фракционерски елементи, групни поплаки, економски пад и сиромаштија, нерамномерен развој, одлив на мозоци, државен легитимитет, јавни услуги, човекови права и владеење на правото, демографски притисоци, бегалци и миграција, надворешна интервенција.
Најнестабилни се земјите кои се прворангирани, а најстабилни оние кои се на крајот од листата.
Фондот за мир како покревки и понестабилни од Македонија во регионот ги оценува Босна и Херцеговина, која е на 77 место, и Србија на 92 место. Црна Гора е 119-та, Албанија 121-ва, Грција 123-та, Бугарија 131-та, Хрватска 136-та, а најстабила е Словенија на 163 позиција.
Украина во која се води војна е на 18 место, Русија е 53, а САД 141.
Најстабилни се нордиските земји – Норвешка, Исланд и Финска, следени од Нов Зеланд и Швајцарија.
Најнестабилни и најризични држави, пак, се Сомалија, Јемен, Јужен Судан, ДР Конго и Сирија, покажува извештајот на американската невладина и непрофитна органзиација Фонд за мир.