сабота, 27 јули 2024

Македонија убедливо загуби во Риека, Хрватска нѐ надигра (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација одигра лош натпревар на гостувањето кај Хрватска и загуби со убедливи 3-0.

Објавено на

часот

Сподели

Далиќ за овој меч не можеше да смета на дел од најдобрите играчи, но ние не го искористивме тоа за да се претставиме во добро светло, напротив, бевме комплетно надиграни и поразени.

Македонија немаше идеја во нападот, имавме неколку обиди од далечина, пред се на Трајковски, но ништо сериозно за Ливаковиќ.

Хрватска поведе уште во 10. минута со прекрасен гол на Мајер од слободен удар, Димитриевски остана закован на место и само со поглед ја проследи топката.

Пред крајот на првото полувреме по една убава акција во нашиот шеснаесетник, Мајер даде уште еден гол за водство на Хрватска од 2-0.

Течеше 79. минута кога Будимир се обиде, Димитриевски го одбрани неговиот удар, но топката дојде до Пашалиќ кој распали силно под пречката и ги постави конечните 3-0.

Следниот натпревар на Македонија е на 10. јуни на гостински терен кај Чешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ