сабота, 27 јули 2024

Македонија со убедлива победа над Литванија го прослави пласманот на Европско првенство

Македонските ракометарки ја совладаа Литванија со 34-24 во последниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија уште во минатото коло го завери учеството на континенталниот собир, а денешниот триумф над Литванија беше без резултатско значење, но убав меч за да се прослави големиот успех.

Женската ракометна репрезентација по седми пат ќе учествува на Европско првенство, овојпат тоа ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

На денешниот натпревар најефикасни во составот на Македонија беа Седлоска и Ризоска со по шест постигнати гола, Младеновски постигна четири, Мицевска запиша седум одбрани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ