Македонија уште во минатото коло го завери учеството на континенталниот собир, а денешниот триумф над Литванија беше без резултатско значење, но убав меч за да се прослави големиот успех.
Женската ракометна репрезентација по седми пат ќе учествува на Европско првенство, овојпат тоа ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.
На денешниот натпревар најефикасни во составот на Македонија беа Седлоска и Ризоска со по шест постигнати гола, Младеновски постигна четири, Мицевска запиша седум одбрани.