Македонија со победа го затвори циклусот квалификаци за ЕП 2024, „црвено-жолтите“ вечерва добро се испотија за да триумфираат со 30-27 над Турција.
Гостите немаа што да загубат на мечот во Скопје, играа со отворен гард и тоа им носеше резултатски егал во голем дел од натпреварот.
Избрниците на Кирил Лазаров во неколку наврати имаа +3 во првото полувреме, но Турција се враќаше во игра и на пауза се замина со реми 15-15. Гостите подобро го отворија второто полувреме, почна да креираат предност и дојдоа до најубедливите 20-24.
Но потоа на сцена стапи Македонија, направивме серија од 7-1, ја превзедовме предноста и не ја испуштивме.
Оваа победа со последен гол во репрезентативната кариерата ја завери Гоце Георгиевски на својот проштален меч од седмерецот за 30-от погодок на нашата селекција, па со солзи го дочека крајот на мечот, неговиот последен за националниот тим.
Мартоин Томовски собра 15 интервенции, покрај Митев и Жарко Пешевски даде пет гола, како најефикасни, а Мартин Серафимов додаде четири гола.