понеделник, 27 јануари 2025

Македонија со пораз од Франција го заврши настапот на Светското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија загуби од силната Франција со 32-25 и како четврта во групата од главната фаза го заврши настапот на Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија го забележа вториот пораз на Светското првенство. Мундијалскиот настап го завршивме со две победи, две нерешени и два порази.

Вечерва избраниците на Кире Лазаров пружија солидна партија против една од најдобрите селекции, но разликата во квалитет беше очигледна па „црвено-жолтите“ парираа само до средината на првото полувреме, кога со серија од три гола стигнавме до егал 9-9.

Франција потоа го крена нивото на игра, брзо се одлепи и на пауза замина со +4 (18-14).

„Триколорите“ продолжија во исто темпо и во вториот дел, па брзо стигнаа и до највиски плус седум (23-16).

Македонија не се предаде, во неколку наврати се враќавме на минус четири од паузата, но на крајот Франција славеше со 32-25.

Сепак ние ја остваривме целта, успеавме да загубиме со едноцифрена негатива и да го задржиме четвртото место на табелата.

Филип Кузмановски со осум голови повторно беше најпрецизен во македонскиот состав, Марко Митев реализира четири голови, додека Жарко Пешевски застана на три погодоци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ