сабота, 27 јули 2024

Македонија со победа над Чешка може и до полуфинале

Објавено на

часот

Сподели

Ракометарите може да жалат што немаат повеќе на своето конто. Последниот напад со Шведска им нудеше триумф, со Германија имаа контра што можеше поинаку да го сврти мечот со Германија, во наша корист. Но без оглед што моментно сме последни, репрезентативците не треба да губат надеж пред последниот дуел утре со Чешка, затоа што ништо не е загубено – допрва сè ќе се расплетува!

Прва задача утре секако е победа против Чешка. Таа е единствената опција пред последниот дуел во салата „Чаир“. Друга опција нема. Тоа беше и првата опција пред ЕП за да се обезбеди билет за белградска Арена во вториот дел од шампионатот. Тоа е сè што моментно посакува македонската јавност.

Триумфот в четврток навечер (20.15 часот) ќе овозможи да заминеме уште 200-на километри северно, во српската престолнина, и да играме во главната фаза на ЕП. А победа над Чешка во една комбинација ја води Македонија и кон полуфинале. Сето тоа моментално е нестварно и далечно. Прво Чешка, па сè друго. Но опциите постојат и се реални.

Шведска вчера без проблем ја мина Чешка, а по квалитет во голема мера играат наспроти играта на Германците во двете кола досега, па „викинзите“ не би требале да имаат проблем со „панцирите“. Нивна победа, комбинирана нормално со наша голема радост, ќе значи дека не само што одиме понатаму, туку и дека ќе играме за медал.

Македонија во таква ситуација би имала три бода, Шведска би имала пет, а Чешка два. Но во следната група, во која се вкрстуваме со домаќинот Србија, светскиот вицепрвак Данска и Полска би пренеле исто колку и Швеѓаните – по три. Во новата група, веќе е сигурно дека Србија ќе има четири бода по двете победи, а Данска и Полска меѓусебе ќе си ги распределат бодовите, затоа што Словачка не може да ги стигне.

Тоа значи дека Македонија најмалку на старт ќе има три бода и ќе го дели второто место. Може да биде и втора со гол-разлика, ако ја победиме Чешка со повеќе од четири гола. А потоа, во Арена во Белград, сè може да се случи. Полска ни е позната и е победлива, Данска е ранлива, но останува прв фаворит, а Србија е фаворизирана само поради домашниот терен. Шансата е голема, оти вистинскиот крем е на другата половина – Франција, Шпанија, Унгарија, Хрватска, Русија….
Кире, Мојсо и другите имаат шанса да го повторат сценариото на кошаркарите, само покрај борбеноста, ќе им биде потребна и малку среќа и поизрамнет судиски критериум. Со тоа и противници што не се непобедливи, што не е далеку од најмалку најдобар пласман на сите времиња. Сè друго би било рамно на „златен медал”.

Дополнително е тоа што Белград ќе види двојно повеќе нашинци одошто има во Ниш, кој деновиве е обоен во боите на Македонија.

Сепак, прво треба да се сработи Чешка и да се изолира Јиха. Потоа ќе размислуваме и за медал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ