сабота, 27 јули 2024
Во драматичен натпревар со седум погодоци

Македонија со гостинска победа кај Летонија ги почна квалификациите за ЕП

Во драматичен натпревар со седум погодока, Македонија славеше со 3-4 на гостувањето кај Летонија во првиот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2025.

Објавено на

часот

Сподели

Македонската женска фудбалска репрезентација победнички го почна настапот во Лига Ц во квалификациите за Европското првенство.

„Црвно-жолтите“, под водство нановиот селектор Александар Андов, во драматичен натпревар со седум погодока, славеа со 3-4 на гостувањето кај Летонија.

Домаќините поведоа со голот на Миксоне во 7. минута, но Македонија за кратко време направи комплетен пресврт. Рочи изедначи на 1-1, Рокане си постигна автогол за 1-2, а Андонова во 32. минута реализираше за 1-3.

Пулховица во 63. минута донесе надеж за Летонија и намали на 2-3, но нашите фудбалерки брзо се вратија во предност од два гола, Милчевска погододи за 2-4.

Миксоне по втор пат се запиша во листата на стрелци за 3-4 во 76. минута, но тоа беше се што направија домаќините и Македонија си замина со три бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ