Даниела Алексовска и Томи Блажевски се носители на европски злата. Алексовска освои златен медал на Grand Prix турнирот без кимоно, сребрен медал со кимоно над 18 години и бронзен медал под 18 години, додека пак Блажевски го освои златниот медал под 18 години со кимоно.
Покрај нив со сребрени медали се закитија Ева Илиевска (со кимоно над 18 години, црни и кафени појаси – 95кг) , Анџела Стамкова (со кимоно под 18 години зелени појаси – 48кг), Изабела Зајков (со кимоно жолти појаси, под 18 години – 57кг), и Марија Мичов (Grand Prix без кимоно – 70кг).
„Д Стронгест“ во тимската конкуренција од 72 тимови се пласира на 11. место.