“Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата”, нагласил Османи.
Во соопштението МНР додава дека Османи ја реафирмирал македонската цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи „силна осуда за руската воена инвазија. Во тој контекст, истакна дека Северна Македонија има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија, нагласувајќи ја и поддршката за украинскиот народ во справување со предизвиците од руската агресија“.
Фото: Архива