Како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР), по пленарната сесија, заедно со претставниците на Тројката претседавачи – Грција, Црна Гора и Македонија, Османи ќе одржи конференција за медиумите, додека на маргините на министерскиот состанок, ќе оствари и билатерални средби со свои хомолози, земји-членки на иницијативата.
Процесот за соработка во Југоисточна Европа е формиран во јуни 1996, со цел продлабочување на односите и соработката меѓу земјите од регионот. Иницијативата стреми кон создавање на регион темелен на демократија и економски просперитет и целосна интеграција на овој дел од континентот во европските и евро-атлантските структури.
Северна Македонија е вклучена во иницијативата од самиот почеток, а претседаваше со неа во два наврати, 2000-2001 и 2012-2013 година. Покрај Северна Македонија, членки се Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдова, Романија, Србија, Словенија, Турција, Хрватска и Црна Гора.