Во видео обраќањето до јавноста Јовчевски вели дека граѓаните треба да останат спокојни, да не шират паника затоа што се безбедни.
„Денеска ја осигуравме источната страна долж Преспанското Езеро. Интензивно се работеше на правење противпожарни појаси со машини. 40 луѓе од рано сабајле се на позиција. Сега се работи на најсевероисточниот дел кај куќата на Црвен крст која веќе е обезбедена како и патот што поминува тука. Најкритично е на крајниот северозапад каде што се потребни воздухоплови. И таму има 40 луѓе кои прават противпожарни појаси. Очекувам полека да го ликвидираме пожарот на север и на исток, а на запад се очекуваат три авиони и еден хеликоптер. Граѓаните треба да останат спокојни, да не шират паника затоа што се безбедни. Ова го разбирам како повик, а не должност да ги спасиме човечките животи. Бараме најригорозни измени на законот против сите кои ѝ го прават ова на нашата татковина“, рече Јовчески во видео-обраќањето до јавноста.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов рече дека гаснењето е отежнато и поради големиот број неексплодирани убиствени средства останати во повисоките делови од планината од претходните војни. Во изминатите денови додека трае пожарот се слушнале над 100 експлозии. Поради што и тактиката во гаснењето била беше да се почека пожарот да се спушти пониско.
Според последниот извештај, вчера во државата имало 49 пожари, а денес до 13 часот има 22 пожари. Од нив 3 се изгаснати, 9 се под контрола и 10 се активни.