сабота, 27 јули 2024

Македонија само делумно слободна држава

Објавено на

часот

Сподели


Ова е наведено во годишниот извештај на организацијата „Фридом хаус“.

Според „Фридом хаус“, Македонија минатата година не забележала никаков напредок во развојот на политичките права и граѓанските слободи оти и во ланскиот извештај Македонија беше сместена во групата „делумно способни“ држави.

Во извештајот, исто така, се истакнува дека во земјава постои голем притисок врз слободата на медиумите.

Во последниот извештај на оваа американска организација, меѓу 87-те слободни земји се Србија, Хрватска и Црна Гора, додека меѓу 60-те држави што се оценуваат како делумно слободни се наоѓаат Босна и Херцеговина, Македонија и Косово.

Во извештајот на оваа организација Македонија доби оценка тројка, на скалата од 1 до 7, каде што единицата претставува највисок демократски развој, а седумката најнизок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ