понеделник, 21 октомври 2024
СП У19

Македонија рутински ја победи Грузија и се пласира во главната фаза на СП

Објавено на

часот

Сподели

Синоќениот триумф над Црна Гора беше клучен за место во главната рунда, а денеска прашањето беше само со колку разлика ќе ја совладаме Грузија.

Почнавме фуриозно со серија од 5-1, беше и 9-4, но потоа Грузија се доближи, на полувремето водевме 13-10. Во вториот дел рутински не дозволивме противникот да направи изненадување, на крајот победивме со 27-21.

Селекторот Раде Стојановиќ го искомбинира составот, им даде шанса на момците кои повеќе беа на клупата на претходните два меча. Денеска се истакнаа Ненад Белистојановски и Дамјан Субашевски со по шест гола. Играч на мечот беше Иван Галевски, кој бранеше цел меч и запиша 12 интервенции.

Со тесен пораз од Норвешка во првото коло (25-27) и победи над Црна Гора (29-20) и оваа над Грузија, Македонија ќе заврши втора во групата Ф и во главната рунда ќе вкрсти во новоформираната група каде што ќе бидат Данска и Австрија, покрај ние и Норвешка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ