сабота, 27 јули 2024

Македонија против Естонија ги почнува квалификациите за Евробаскетот 2025

Кошаркарската репрезентација на Македонија, вечерва во 19 часот во СРЦ „Кале“ го игра воведниот меч од квалификациите за пласман на ЕП 2025, противник ни е селекцијата на Естонија.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските кошаркари денеска ја почнуваат битката за пласман на Европското првенство. Првиот меч може да биде и клучен, се очекува дека токму Естонија ќе ни биде главниот противник за место меѓу најдобрите на континентот.

Во нашата група се уште и Литванија и Полска која веќе има загарантиран пласман како ко-домаќин на турнирот.

Еден од нашите главни адути е Ненад Димитријевиќ кој е свесен за квалитетот на Естонија, но верува во победа.

„Ги знаеме квалитетите на Естонија, тоа силна екипа со евролигашки кошаркари, но мислам дека ќе бидеме подготвени. Не сакаме притисокот да биде само врз денешниот меч бидејќи потоа следуваат уште пет натпревари. Знаеме дека е важно да се сочува домашниот терен и ќе сториме се да извојуваме победа. Очекувањата од навивачите прават притисок и малку се нереални. Живееме во други времиња, ние сме друга генерација и мислам дека фановите треба да направат атмосфера која ќе ја почувствуваме како поддршка“, смета Димитријевиќ.

По мечот со Естонија, во овој квалификациски прозорец играме и со Полска, тој дуел е на гостински терен во понеделник.

Литванија е главниот фаворит во нашата група, покрај неа на ЕП оди и Полска, а третиот патник се очекува да се бара меѓу Македонија и Естонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ