понеделник, 10 март 2025

Македонија Престон по 40 години го победи грчкиот Јужен Мелбурн (ВИДЕО)

Македонскиот тим во Австралија, Македонија Престон Лајнос со 2- славеше над Јужен Мелбурн кој е клуб на грчката дијаспора во оваа земја.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот се одигра во рамките на 5. коло од австралиската регионална фудбалска лига НПЛ Викторија.

Престон Лајанс првпат го победија Јужен Мелбурн по речиси четири децении, па за македонската дијаспора во Австралија ова беше посебен ден.

Натпреварот се одигра пред полни трибини на стадионот на Престон Лајонс кој собира повеќе од 7.000 гледачи.

Македонскиот тим победи со 2-0, а еден од головите беше даден од пенал со совршена паненка во режија на Џан Албано.

По пет одиграни кола Пестон Лајонс е на второто место на табелата со три победи и две нерешени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ