сабота, 27 јули 2024

Македонија поразена и на вториот тест против Романија

Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена и во вториот дуел од селекцијата на Романија, овојпат загубивме со 28-24.

Објавено на

часот

Сподели

Романија имаше одличен старт на мечот, поведоа со 3-0, а ние првиот гол го постигнавме во седмата минута преку Серафимов. Романците водеа и со 8-4, кога Македонија се разбуди, направи серија од 3-0 и намали на 8-7.

Сепак тоа беше само само период, Романија додаде гас, повторно почна да се одлепува и на одморот замина со предност од 15-10.

Македонија која на овие мечеви иоанка беше ослабена, дополнително доби удар на почетокот од вториот дел кога Цветан Кузманоски доби црвен картон. Романците без проблеми ја одржаваа предноста и на крајот дојда до победа од 28-24.

Мартин Серафимов со пет голови беше најфеикасен во нашата селекција, по четири постигнаа Марко Митев и Жарко Пешевски.

И вчера овие две селекции играа пријателски меч, тогаш Романците побоедија со 32-27.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ