Романија имаше одличен старт на мечот, поведоа со 3-0, а ние првиот гол го постигнавме во седмата минута преку Серафимов. Романците водеа и со 8-4, кога Македонија се разбуди, направи серија од 3-0 и намали на 8-7.
Сепак тоа беше само само период, Романија додаде гас, повторно почна да се одлепува и на одморот замина со предност од 15-10.
Македонија која на овие мечеви иоанка беше ослабена, дополнително доби удар на почетокот од вториот дел кога Цветан Кузманоски доби црвен картон. Романците без проблеми ја одржаваа предноста и на крајот дојда до победа од 28-24.
Мартин Серафимов со пет голови беше најфеикасен во нашата селекција, по четири постигнаа Марко Митев и Жарко Пешевски.
И вчера овие две селекции играа пријателски меч, тогаш Романците побоедија со 32-27.