сабота, 27 јули 2024
АМСМ за состојбата на патиштата

Македонија под снег, затворени неколку патни правци, паднати дрвја на патот Маврово-Дебар

Објавено на

часот

Сподели

Ви го пренесува целосниот извештај на АМСМ за состојбата на патиштата низ државава: 

Од 13:00 на патниот правец Кичево-Стража има забрана за движење на тешки товарни моторни возила (ТТМВ).

Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:20 патниот правец Струга – ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.

Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој Ѓавато, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој Плетвар и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:30 на патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.

Задолжително користење на зимска опрема (ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП Табановце поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

Задолжително користење на зимска опрема(ланци) од 14:00 на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ