За разлика од вчерашниот меч кој го добивме со 33-30. Денешниот натпревар беше од затворен карактер, без публика и медиуми.
Избраниците на Кире Лазаров славеле со 29-28.
За Македонија ова беше и последниот тест меч пред заминувањето на Европското првенство.
Македонија првиот натпревар го игра на 10. јануари против Франција, четири дена подоцна играме против Германија, а во последното коло од групната фаза се среќаваме со Швајцарија на 16. јануари.