понеделник, 16 декември 2024

Македонија памети – изложба во Штип по повод 80 години од холокаустот на македонски Евреи

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Архив-Штип, Марио Паризов вели дека преку повеќе од 200 фотографии и документи се  изложени во галеријата „Безистен“.

 „Проектот се реализира во Штип, со тенденција оваа изложба да биде отворена и во останатите градови во државата, но и надвор од границите на државата“, вели Паризов.

Јасмина Дамјановска од  Државен архив вели заедно со Институот за национана историја оваа година се вклучија на јубилејот 80 години од холокаустот на Евреите.

„Сѐ она што тие поседувале се прикажани преку оваа изложба односно преку 19 изложбени паноа кои поседуваат повеќе од 200 фотографии и документи, објаснувајќи го целокупниот процец во Скопје, Штип и Битола. Ние се надеваме дека успешно го реализиравме овој проект кој ќе биде прикажан и во другите градови низ Македонија и надвор од Македонија“, вели Дамјановска.

Во одбележувањето на денешниот настан се вклучија и од НУ Завод и музеј – Штип. Изложбата ќе биде отворена во наредните 15 дена, а Штерјов ги покани сите млади и повозрасни да ја посетат и да се запознаат со животот на Евреите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ