сабота, 19 октомври 2024
„Црвено-жолтите“ назадуваа по поразите од Украина и Англија

Македонија падна за три позиции на ФИФА ранг листата

Објавено на

часот

Сподели

Македонија се најде на 68. место на последната ФИФА листа, што е пад за три позиции во однос на претходното рангирање.

Ова е резултат на двата болни порази овој месец, првиот против Украина, натпревар на кој испуштивме водство од 2-0, а вториот беше најголемата бламажа во нашата историја и 7-0 на „Олд Трафорд“ против Англија.

На врвот нема промена, Аргентина е лидер пред Франција и Бразил. Англија напредуваше едно место на сметка на Белгија, а потоа следуваат Хрватска, Холандија, Италија, Португалија и Шпанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ