петок, 18 октомври 2024

Македонија падна за една позиција на новата ФИФА ранг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија падна за една позиција на последната ФИФА ранг листа, сега сме на 72. место.

Објавено на

часот

Сподели

Причината за падот е искачувањето на Грузија која по одличниот настап на Европското првенство направи прогрес за четири позиции и излезе пред нас на табелата. Тие сега се на 70. место.

Новиот европски шампион, Шпанија напредуваше за пет позиции и сега е на третото место зад Аргентина и Франција.

Во топ 10 се уште и селекциите на Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.

Од нашите соседи најдобра е Србија, на 32. место, Грција е 54., Албанија е 66, зад нас е само Бугарија која е 82..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ