сабота, 27 јули 2024

Македонија остана на 103. место на ФИФА-листата

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите поради очајните резултати во минатата година го забележаа најслабиот пласман со ноемвриското рангирање на постојното место, што беше првпат по 16 години да излеземе од првите 100 селекции. Последен пат Македонија беше над 100 место во септември 1995 година, кога се најдовме на 105. место.

Македонија од 103. место ја започнува оваа 2012 година, во која итно ќе мора да се направи камбек во погорниот дел од ранг-листата. Со оглед дека следното рангирање е на 15 февруари, многу веројатно е дека најмалку ќе останеме на истата позиција и во февруари, затоа што првиот репрезентативен меч е на крајот на идниот месец и ќе се брои за мартовското рангирање.

Промени немаше во „топ 10“ во ова јануарско рангирање, па Шпанија останува прва светска селекција, пред Холандија, Германија, Уругвај, Англија, Бразил, Португалија, Хрватска, Италија и Аргентина. Историски пласман забележа Босна и Херцеговина со 19 место, а од нашите противници во следните квалификации за СП во Бразил во 2014 година, покрај Хрватска, која е меѓу првите десет, Србија е на 27 место, Белгија на 40. (напредок од една позиција), Шкотска е 48 (пад за едно место) и Велс на 49 (пад за едно место).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ