Македонската репрезентација се спасуваше од пораз против Грција, со гол на Ненад Костески во последните секунди се изборивме за реми.
Во првото полувреме Македонија имаше сигурна предност, во еден период водевме и со пет голови разлика, беше 11-6. На полувремето се замина со 15-12 за нашата репрезентација.
Одлично го почнавме и вториот дел, ја вративме предноста од пет разлика, 17-12. Но потоа следуваа грешки кои ги користеа Грците и изедначија на 21-21. Грција комплетно го сврте мечот, беше 29-27 за нив, но со голови на Филип Кузмановски и Костески, Македонија дојде до реми.