сабота, 2 ноември 2024

Македонија одбележува 30 години членство во Обединетите нации

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето во ОН не беше направено под тогашното уставно име Република Македонија туку под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името. По долгогодишниот спор, со посредство на ОН беше постигнат Преспанскиот договор што резултираше со промена на уставното име во Република Северна Македонија. Со тоа се отвори патот на земјата кон НАТО и ЕУ. 

По тој повод, завчера во Министерството за надворешни работи (МНР) беше отворена изложба на која, преку фотографии, беа претставени најважните моменти од овој настан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ