Ракометната репрезентација на Македонија ќе биде влечена од вториот шешир, што дава можност за полесна група и ново учество на големо натпреварување.
За место на Европското првенство ќе се борат 32 селекции во квалификациите, директно учество обезбедуваат домаќините Данска, Норвешка и Шведска, како и европскиот шампион Франција.
Во квалификациите ќе има осум групи со по четири селекции. Пласман на Европското првенство ќе изборат двете првопласирани од секоја група како и четири најдобро третопласирани од осумте групи.
Рејтингот ја однесе Македонија во вториот шешир каде се уште и селекциите на Полска, Чешка, Србија, Црна Гора, Австрија, Полска, Грција и Фарски Острови. Тоа значи дека ниту една од овие селекции нема да ни се падне во ждрепката.
ШЕШИР 1: Германија, Шпанија, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Холандија
ШЕШИР 2: Македонија, Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови, Грција
ШЕШИР 3: БиХ, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија
ШЕШИР 4: Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Летонија.