сабота, 27 јули 2024

Македонија од третиот шешир ќе биде влечена на ждрепката за Европското првенство

Откако изминатиот викенд беа комплетирани квалификациите за пласман на Европското првенство, ЕХФ ги одреди позициите за ждребувањето кое ќе се одржи на 18 април во Виена.

Објавено на

часот

Сподели

Македонските ракометарки изборија место на Европското првенство кое од 28 ноември до 15 декември ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

На Европското првенство ќе има шест групи со по четири репрезентации. Македонија ќе биде влечена од третиот шешир во кој уште се и селекциите на Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд. Тоа значи дека ниту една од овие селекции не може да ни се падне за противник.

Европското првенство ќе се одржи во четири градови, првата рунда ќе биде во Дебрецин, Базел и Инсбрук, главната рунда во Дебрецин и Виена, финалниот меч ќе се игра во Виена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ