понеделник, 30 декември 2024

Maкедонија очекува Бугарија да се извини за нивниот пропуст со македонското знаме

Се работи за протоколарен пропус. Претходно сè беше договорено меѓу кабинетите на претседателите Радев, Сиљановска-Давкова и македонската амбасада во Софија. Беше договорена заедничка средба и фотографирање само во работниот дел од канцеларијата на бугарскиот претседател. Но, нивниот протокол отстапи од договорено и се случи тоа што се случи, велат извори од македонското Министерство за надворешни работи за дипломатскиот скандал за време на средбата Радев-Сиљановска-Давкова на 13 септември со неистакнувањето на македонското знаме.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков треба да има средба со директорот на дирекаторатот за регионот во МНР. На оваа средба ќе се бара извинување од страна на Бугарија за направената отстапка од договорено, а ќе биде упатена и протестна нота, велат од МНР.

На прашањето зошто на лице место не било реагирано од страна на македонскиот протокол, дипломатите во МНР уверуваат дека поради тоа што неколку часа претходно во Бугарија се урнал воен авион и загинале двајца нивни пилоти, би било несоодветно во тие моменти да се реагира.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев за овој настан вели дека ова не било ниту државна, ниту работна посета на претседателката Сиљановска-Давкова.

„Нека биде јасно, ова не беше ниту државна, ниту работна посета и се надевам дека во блиска иднина претседателот на Република Северна Македонија ќе оствари државна посета, која ќе биде со сите официјални церемонии по протокол, и тоа ќе придонесе и за нашите односи“, изјави денеска Румен Радев , кој истакна дека средбата во Софија била конструктивна и со добар тон, додавајќи дека имал покана за посета на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ