сабота, 27 јули 2024

Македонија не можеше и против судиите, Чешка победи со два сомнителни пенали

Македонската фудбалска репрезентација загуби со 2-1 на гостувањето кај Чешка, домаќините победија благодарение на два пенали од кои првиот беше непостоечки, а вториот крајно сомнителен.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од натпреварот против Хрватска, Македонија денеска беше порамноправна против селекција која настапува на Европското првенство, но и овој меч го загубивме.

Во првото полувреме Чешка беше значително поактивна, а ние се браневме и успеавме да не примиме гол.

По 15 минути игра во второто полувреме беше досуден пенал за Чешка иако од повторената снимка се виде дека Шик го турна Соучек. Дуелот беше меѓу Чесите, но судијата покажа на белата точка за нив.

Шик беше сигурен реализатор на пеналот за водство на Чешка од 1-0.

Но, нашите фудбалери брзо израмнија, само пет минути подоцна Трајковски биеше во стативата, топката дојде до Алими кој со глава ја смести во мрежата на домаќините за израмнување на 1-1.

Длабоко во судиското продолжение Чешка доби уште еден пенал, судиите пак лесно покажаа на белата точка. Овојпат сигурен беше Барак кој реализираше за победа од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ