сабота, 27 јули 2024

Македонија не е во опасност од потресите во еврозоната

Објавено на

часот

Сподели

Реномираната интернационална агенција за кредитен рејтинг „Стандард и Пур“ најави дека треба да се менува рејтингот „Фондот за одржливост на еврозоната“. Последното нивно тестирање покажало дека се намалил кредитниот рејтинг на 9 држави, од вкупно 17 гаранти на Фондот од еврозоната, меѓу кои и силната Франција и должната Италија (две од петте најголеми економии во еврозоната), пренесе Си-ен-би-си изјава на официјален претставник на „Стандард и Пур“.

Рејтингот на популарно наречениот Фонд за спас на еврото е заснован врз гаранциите на државите-членки на еврозоната, а меѓу нив и државите што имаат кредитен рејтинг ААА, меѓу кои беше и Франција.

Според Џон Чемберс, претседател на комисијата за државни долгови при „Стандард и Пур“, сега се можни три сценарија: првата е да се намали гарантираната сума на Фондот, втората е земјите со намален кредитен рејтинг да дадат дополнителни гаранции, а третиот е да се воведат парични буфери што сами за себе ќе обезбедат гаранција за Фондот.

Новосоздадената ситуација отвора многу прашања за стабилноста на еврозоната поради тоа што неколку месеци по создавањето на Фондот се доведува во прашање неговата вредност пред доверителите зашто дури 9 негови основачи (држави од еврозоната) сега имаат понизок кредитен рејтинг од тој што го имале досега.

При последната евалуација, на 6 декември 2011 година, „Стандард и Пур“ му додели ААА-рејтинг на Фондот, што беше примено со големо олеснување кај доверителите и кај кредиторите низ светот. Но по малку повеќе од еден месец агенцијата соопшти дека се забележливи негативни тенденции кај 9 држави и ќе мора да се интервенира. Од агенцијата соопштиле дека периодот на тестирање е 3 месеци, но доколку има сериозни индикации за значајни промени, може да објават намалување на рејтингот на Фондот и за 45 дена, што значи до крајот на оваа недела.

Намалувањето на кредитниот рејтинг на Фондот за спас на еврото е нов и е голем предизвик за членките на Европската Унија, а особено за Германија, најсилната европска економија. Особено поради тоа што по детектирањето слабост кај француската економија, Германците ќе треба да понесат уште поголем дел од одговорноста. Оваа вест деновиве сигурно ќе ја зголеми претпазливоста кај инвеститорите на европските берзи, кај кредиторите и кај шпекулантите на светските пазари.

За Македонија нема директна опасност зашто голем дел од нашите девизни резерви е изложен директно кон германската економија преку нивната државна обврзница. Но сепак ќе треба да се следат чекорите на македонската монетарна власт.

 

МКД.мк

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ