сабота, 19 октомври 2024

Македонија напредуваше за четири места на новата ФИБА ранг-листа

Победата над Полска, донесе скок од четири позиции за кошаркарската репрезентација на Македонија на последната ФИБА ранг-листа, сега сме на 24. место.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија во февруари одигра два меча, загубивме во Скопје против Естонија, а ја победивме Полска на нејзин терен. Ваквите резултати ја качија нашата репрезентација на 24. место на ФИБА ранг-листата.

Во 80 минути низ двата февруарски натпревари, Македонија имаше водство преку 54 минути (20:16 минути со Естонија) и (33:52 минути со Полска) и оствари скор од победа и пораз. Тие би преферирале победа против ривалот од квалификациите Естонија повеќе отколку против веќе квалификуваната Полска, но со сигруност овој резултат добро го прифатија. Една работа која е сигурно е дека еден-два играта на Ненад Димитријевиќ и Итан Хап ќе биде тешка за противниците секогаш кога тие заедно ќе излезат на теренот“, стои во ФИБА ранкингот објавен за Македонија.

Прва на листата е Србија која ја турна од врвот Франција, Французите се втори, во топ десет се уште и Летонија, Грција, Италија, Словенија, Белгија, Литванија, Германија и Естонија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ