понеделник, 21 октомври 2024

Македонија на врвот на листата на депортирани лица од Германија

Во првата половина од годинава од Германија биле депортирани близу 10.000 луѓе. Македонските граѓани се на врвот на оваа листа на депортации, јавува Дојче веле.

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годината 774 македонски државјани биле депортирани од Германија, со што Македонија е на врвот на земјите со најголем број депортации од Германија.

Во 2023 година, вкупно 16.430 луѓе биле вратени со сила, во споредба со нешто помалку од 13.000 во 2022 година.

Според ДПА, најголемата група на депортирани по националност биле турските државјани (915), потоа Грузијците (839), Македонците (774), Авганистанците (675), Албанците (586) и Сиријците (534). Грузија, Македонија, Австрија, Албанија и Србија се главни дестинации на депортациите.

Лани во Македонија биле депортирани 1.177 македонски граѓани.

Податоците на министерството, исто така, открија дека до 30 јуни, 226.882 лица во Германија биле обврзани да ја напуштат земјата, бидејќи немаат право на азил. Од нив, околу 182.000 имаат Duldung (толериран престој). Ова значи дека тие не можат да бидат депортирани поради одредени причини, на пример затоа што немаат никакви документи за идентификација или се болни.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ