петок, 18 октомври 2024

Македонија може да изгуби 950 милиони евра ако ги изгуби арбитражните постапки, констатира ДЗР

Објавено на

часот

Сподели

Ако Македонија ги изгуби арбитражните постапки кои се водат пред Меѓународниот арбитражен суд, а произлегуваат од склучените  меѓународни договори тогаш државата ќе треба да плати скоро 950 милиони евра, пари од Буџетот на граѓаните, обелоденува Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Извештајот за извршена ревизија на усогласеност на Владата – Сметка на основен буџет што беше објавен денеска.

Ревизијата укажува на потреба за утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, со цел утврдување на одговорност, согласно постојната законска регулатива, од сметката на Генералниот секретаријат исплатени се средства по дел од владини програми, за кои целокупната документација, извршените проверки на податоците како и извршените контроли се надлежност на други државни органи и истите се одговорност на раководните лица на одделните буџетски корисници. За овие програми во текот на 2021 година исплатени се средства во вкупен износ 1.404.711 илјади денари и за непречено управување и располагање со средствата сопственост на државата, потребно е Владата да преземе активности за обезбедување на документи за сопственост на финансиските средства на државата како и да воспостави евиденција на нефинансиски, материјални средства сопственост на државата, надлежност уредена во член 73 од Законот за буџети, кој стапува на сила на 01.01.2025 година“, велат од ДЗР.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, ДЗР констатирал дека за системот на внатрешните контроли, во дел од организационите структури, отсуствуваат пишани процедури за примопредавањето на документацијата, по програми и проекти, додека за донесените процедурите кои се однесуваат на дел од работните процеси не е извршена нивна ресертификација, донесени се пооделни акти за внатрешната организација и систематизација, на работните места на Канцеларијата на претседателот на Владата и на Генералниот секретаријат на Владата.

„Иако Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата, е еден државен орган, – ангажирани се лица со авторски договори преку агенција за интелектуална сопственост, иако работите и работните задачи не подразбираат креирање на авторско дело согласно законската регулатива, недоволната кадровска екипираност на секторот за внатрешна ревизија, влијае врз бројот на извршени ревизии во текот на годината, не е склучен договор со СОЗР за определување на видот, обемот, квалитетот, висината на надоместокот, рокот и начинот за извршување на услугите кои Владата ги користи во текот на годината, за уплатените средства во износ од 71.129 илјади денари по основ на придонеси за задолжително социјално осигурување за акционерско друштвото, не е доставена документација дека е извршено зголемување на основната главнина на друштвото ниту документ за запишувањето на државата како сопственик на акциите и истите не се дел од евиденцијата во Владата, за градежниот објект во кој Владата ги извршува тековните активности, не е обезбеден документ за правото на користење, извештајот за пописот на средствата, побарувањата и обврските со состојба на 31.12.2021 година не е усвоен од страна на генералниот секретар и не е извршено усогласување на сметководствената со фактичката состојба утврдена со пописот, во деловните книги на Владата евидентирани се софтвери и лиценци во вкупен износ од 576.514 илјади денари, иако дел се набавени и се користат во повеќе институции од јавната администрација, додека за дел не добивме документација дека истите се користат од страна на Владата или се дадени на користење на други институции, за потпроектите кои се дел на Проектот за локална и регионална конкурентност, исплатата кон добавувачите се врши од буџетот на Владата, при што владата нема целосни информации за искористеноста на средствата за намената за која е планирана програмата како и податоци дали градежните објекти и опремата се целосно евидентирани како државен имот кај крајните корисници, од планираните средства за Програма за намалување на аерозагадувањето искористени се 30 отсто поради недоволен број на поднесени апликации од страна на општините, при што распределбата ја врши комисија со претставници од повеќе институции, а критериумите и бодовите за избор на проекти Генералниот секретаријат ги утврдува во јавните повици, преку владината потпрограма ‘Мерки за справување со КОВИД-19 кризата’, исплатени се средства во износ од 6.097.000 илјади денари без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства, при што 33 отсто од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до владата, кај дел од постапките за јавни набавки утврдивме недоследности во начинот на планирање, спроведување и реализација, поради што за дел од истите започнати се постапки пред надлежни органи“, велат од ДЗР.

За утврдените состојби, велат од ДЗР, дадени се препораки до одговорните лица, со цел преземање мерки за надминување на истите.

„Во делот Нагласување на прашања за неизвесност и континуитет обелоденети се следниве состојби, судски постапки кои се во тек, во кои Владата е тужена страна или тужител, а кои може да имаат влијание на идните финансиски текови на Владата, две истражни постапки пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за кои Владата има предјавено оштетно побарување, координативното тело за следење на арбитражните постапки кои произлегуваат од склучените односно ратификуваните меѓународни договори на Македонија, изработило анализа и утврдило дека доколку државата ги изгуби споровите, вкупен износ на средства што потенцијално би требало да се платат се во износ од 945 милиони евра и 420 милиони долари, што ќе има импликации врз Буџетот на Македонија во наредни години“, пишува во Извештајот на ДЗР.

Оттаму укажуваат дека Владата треба да усогласи поодделни закони со Законот за организација и работа на органите на државната управа во однос на основањето, правата и надлежностите на државните органи и институциите и потреба од измени и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор во однос на регулирање на висината на платата на посебните советници во одделните институции, вклучувајќи го и Генералниот секретаријат.

Во врска со Извештајот на ДЗР, Владата доставила забелешки кои по разгледувањето е оценето дека осум забелешки преставуваат известување за активностите кои се преземени или ќе се преземат од страна на Владата за надминување на констатираните состојби, две забелешки не биле прифатени, а една забелешка е прифатена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ