сабота, 27 јули 2024

Македонија лесно се справи со Израел за четврто место на БЏК Купот

Македонските тенисерки го освоија четвртото место на Били Џин Кинг купот, откако попладнево Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска ја обезбедија победата против Израел (2-1).

Објавено на

часот

Сподели

Со три победи и еден порaз, тенисерките на Македонија го заршија настапот на Били Џин Кинг купот, и забележаа пласман на четвртото место во рамките на Втората Евроафриканска зона.

Попладнево, во последниот натпревар, лесно со 2-1 во сетови беше совладан Израел.

Магдалена Стоилковска со 2-0 во сетови (6:2, 6:4) славеше против Мика Бучник, за потоа Лина Ѓорческа да ја „збрише“ Катрин Алтори со 6:0 и 6:0 за водсво од 2-0.

Мечот во двојки не решаваше ништо, а таму Теона Андова и Ана Митевска згубија од Карин Алтори и Алиан Зак со 2-0 во сетови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ